Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4 207 дози вакцини, од кои 1 515 се аплицирани како прва доза, 930 се ревакцинирани, додека 1 732 граѓани примиле трета доза вакцина.
Заклучно со 16 ноември вкупно се вакцинирани 817 079 граѓани, ревакцинирани се 786 941, а трета доза примиле 58 132 граѓни.
Педесет и седум отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози опфатени се 48 отсто од граѓаните над 18 години.
Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството.