Во последните 24 часа од направени 787 теста регистрирани се 81 нов случај на ковид-19, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Најголем дел од новите случаи се регистрирани во Скопје, односно 56 лица, додека во другите градови бројките на новозаразени се едноцифрени.

Оздравени се 77 пациенти, а во последните 24 часа не се регистрирани починати лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, исто така нема пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2 167 428 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342 696, бројот на оздравени пациенти е 332 787, a на починати е 953. Бројот на активни случаи изнесува 378.