Министерството за здравство информира дека заклучно со 31 октомври, вкупно 805 008 граѓани се вакцинирани против ковид-19, ревакцинирани се 775 825, а трета доза примиле 30 852 граѓани.
Според податоците на Министерството, 54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57% , а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години.
Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.