Речиси триесет отсто од новозаболени случаи со ковид-19 се невакцинирани, покажува анализата на Министерството за здравство за период од 6 август до 30 декември.
За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Според статистиката на Министерството во периодот од 06.08 до 30.12.2021 на територија на државата 69 242 граѓанин биле позитивни од тестирани на Ковид 19, а од нив 33% биле целосно вакцинирани, односно 22 996 лица, 46 246 граѓани, односно 67% од позитивните на ковид 19 не биле вакцинирани.
Во истиот период на територија на државата починале 2 447 лица со ковид-19, 1 913 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 22% примиле вакцина.
Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.
„Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на Ковид-19“,
велат од Министерството.