Тројца од починатите се од Куманово, а најмладиот е на возраст од 32 години
Нови 316 случаи на ковид-19 се регистрирани денеска, со што вкупната бројка на дијагностицирани достигна 194 891, соопшти Министерството за здравство.
Оздравени се 240 пациенти, а во изминативе 24 часа починале 10 пациенти со ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3 486 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на коронавирус во повеќе градови во земјава:
Скопје – 140,
Куманово – 38,
Велес и Штип – по 19,
Кавадарци – 16,
Прилеп и Охрид – по 12,
Струмица – 11, Битола – 8,
Пробиштип – 6,
Тетово и Свети Николе – по 5,
Неготино и Крива Паланка – по 4,
Струга и Кратово – по 3,
Кичево, Кочани и Гевгелија – по 2,
Радовиш, Виница, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
Во последните 24 часа починале тројца пациенти од Куманово (32г, 72г и 77г), по два смртни случаи има во Охрид (59г и 64г) и Свети Николе (66г и 68г) и по едно починато лице од Крива Паланка (88г), Берово (74г) и Скопје (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, пријавени се уште четири починати лица, со датум на смрт од 13.9.2021 до 17.9.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Гостивар и по едно лице од Куманово и Ресен на возраст од 46 до 68 години. Од пријавените, сите се починати во болнички услови.
- Досега во земјата се направени вкупно 1 323 365 тестирања на ковид-19
- Вкупно дијагностицирани: 194 891
- Вкупно оздравени: 181 031
- Вкупно починати: 6 831
- Активни случаи: 7 029
Според епидемиолошки анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови | Заболени (вкупно) | Активни случаи (вкупно) |
Скопје | 84961 | 3495 |
Куманово | 11710 | 636 |
Тетово | 10878 | 185 |
Прилеп | 9144 | 192 |
Гостивар | 7968 | 56 |
Битола | 7187 | 202 |
Велес | 6405 | 297 |
Охрид | 6032 | 233 |
Кавадарци | 6018 | 164 |
Штип | 5867 | 232 |
Струмица | 5812 | 215 |
Кичево | 4007 | 120 |
Струга | 3809 | 67 |
Кочани | 3342 | 139 |
Гевгелија | 2456 | 68 |
Неготино | 2328 | 23 |
Свети Николе | 1938 | 104 |
Ресен | 1546 | 47 |
Радовиш | 1547 | 65 |
Крива Паланка | 1498 | 123 |
Дебар | 1451 | 24 |
Берово | 1214 | 14 |
Делчево | 1127 | 42 |
Виница | 1056 | 48 |
Пробиштип | 942 | 45 |
Валандово | 830 | 21 |
Кратово | 606 | 66 |
Богданци | 561 | 18 |
Крушево | 534 | 11 |
Македонски Брод | 475 | 11 |
Демир Хисар | 457 | 31 |
Демир Капија | 411 | 4 |
Македонска Каменица | 319 | 27 |
Пехчево | 315 | 3 |
Дојран | 140 | 1 |
Вкупно | 194891 | 7029 |