Од трите починати лица, кај две биле регистрирани коморбидитети. Вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата во земјава изнесува 9 231
Од 1 566 активни случаи, во Скопје се 845, а во Битола 171. Во останатите градови има под сто активни, а во четири града нема ниту еден

Во последните 24 часа направени се 1 024 тестови, а регистриран е 41 нов случај на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Меѓу тие 41 случај има и 10 реинфекции.
Новите случаи се во: Скопје – 31, Кавадарци – 4, Неготино – 2, Куманово, Прилеп, Тетово и Штип – по 1.
Регистрирани се 457 оздравени пациенти од: Скопје – 250, Битола – 33, Прилеп – 29, Охрид – 28, Тетово – 19, Кичево – 16, Велес – 10, Делчево – 9, Куманово и Гостивар – по 6, Кавадарци и Струмица – по 5, Кочани, Радовиш, Виница и Крушево – по 4, Штип, Гевгелија, Ресен, Дебар и Пробиштип – по 3, Струга и Богданци – по 2, Неготино, Крива Паланка, Валандово, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа е регистрирано едно починато лице од Кичево (89г), починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица од: Скопје (66г) и Кавадарци (55г). Од пријавените починати лица, едно лице е починато во домашни услови, и едно лице во болнички услови. Пријавените лица се починати на 15.03.2022 год.
Од вкупниот број на починати лица (3), кај две лица се регистрирани коморбидитети.
Активни се 1 566 случаи: Каква е состојбата по градови?
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.711, бројот на оздравени пациенти е 295 914, на починати е 9 231, а бројот на активни случаи изнесува 1 566.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна
- Скопје 143 925, Активни 845
- Куманово 16 571, Активни 40
- Битола 14 875, Активни 171
- Прилеп 14 025, Активни 86
- Тетово 13 423, Активни 18
- Кавадарци 10 526, Активни 83
- Велес 9 691, Активни 26
- Гостивар 9 539, Активни 10
- Охрид 8 766, Активни 72
- Струмица 8 009, Активни 21
- Штип 7 981, Активни 17
- Кичево 5 573, Активни 30
- Кочани 5 056, Активни 16
- Струга 4 701, Активни 18
- Гевгелија 4 375, Активни 17
- Неготино 3 662, Активни 11
- Ресен 2 685, Активни 15
- Свети Николе 2 617, Активни 4
- Радовиш 2 516, Активни 8
- Крива Паланка 2 408, Активни 4
- Делчево 1 953, Активни 23
- Дебар 1 671, Активни 7
- Берово 1 638, Активни 2
- Валандово 1 477, Активни 3
- Виница 1 383, Активни 6
- Пробиштип 1 263, Активни 0
- Богданци 1 019, Активни 2
- Кратово 961, Активни 3
- Крушево 923, Активни 6
- Демир Хисар 826, Активни 1
- Македонски Брод 736, Активни 1
- Демир Капија 586, Активни 0
- Македонска Каменица 523, Активни 0
- Пехчево 485, Активни 0
- Дојран 343, Активни 0
