Покрај трите смртни случаи во последните 24 часа, пријавени се уште три со датум на смрт од претходните денови

Во последните 24 часа направени се 4 072 тестирања, а регистрирани се 246 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 145, Струмица – 16, Прилеп – 14, Штип, Охрид и Битола – по 12, Кавадарци – 10, Неготино – 4, Струга, Гевгелија и Куманово – по 3, Велес и Ресен – по 2, Кичево, Гостивар, Валандово, Радовиш, Тетово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани се 547 оздравени пациенти од: Скопје – 299, Битола – 47, Прилеп – 39, Струмица – 19, Кавадарци и Охрид – по 18, Куманово и Велес – по 15, Штип – 12, Ресен – 8, Кочани и Гевгелија – по 7, Свети Николе – 6, Кичево, Струга, Неготино, Крива Паланка и Демир Хисар – по 5, Делчево – 4, Тетово и Валандово – по 3, Богданци и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица: 2 починати лица од Скопје (63г и 86 г), и едно починато лице од Струмица (53г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, по едно лице од Скопје (86г), Тетово (78г) и од Кичево (68г). Од пријавените лица, 2 од нив се починати во болнички, а едно лице во домашни услови.
Активни се 8 828 – Каква е состојбата по градови
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225 730, бројот на оздравени пациенти е 212 927, на починати е 7 975, а бројот на активни случаи изнесува 4 828.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 99 379, Активни 2 478
- Куманово 13 163, Активни 103
- Тетово 11 436, Активни 59
- Прилеп 10 876, Активни 324
- Битола 9 380, Активни 358
- Гостивар 8 091, Активни 17
- Велес 7 534, Активни 105
- Кавадарци 7 487, Активни 190
- Охрид 6 883, Активни 256
- Штип 6784, Активни 86
- Струмица 6 345, Активни 158
- Кичево 4 343, Активни 66
- Кочани 4 120, Активни 43
- Струга 3 951, Активни 34
- Гевгелија 2 974, Активни 100
- Неготино 2 653, Активни 39
- Свети Николе 2 157, Активни 17
- Крива Паланка 1 967, Активни 33
- Ресен 1 900, Активни 96
- Радовиш 1 824, Активни 40
- Берово 1 483, Активни 10
- Делчево 1 472, Активни 28
- Дебар 1 458, Активни 0
- Виница 1 180, Активни 7
- Пробиштип 1 144, Активни 8
- Валандово 1 053, Активни 63
- Кратово 791, Активни 5
- Богданци 693, Активни 27
- Демир Хисар 650, Активни 17
- Крушево 609, Активни 11
- Македонски Брод 546, Активни 32
- Демир Капија 438, Активни 9
- Македонска Каменица 430, Активни 6
- Пехчево 359, Активни 0
- Дојран 177, Активни 3