Бројот на активни случаи во земјава во моментов изнесува 1 913. Најголемиот дел од активните случаи се во Скопје или вкупно 1 087. Најмалку активни случаи на коронавирус имаат Македонски Брод и Пехчево со по еден активен случај, а во Дојран во моментов не е регистриран ниту еден позитивен случај на ковид-19
Изминатото деноноќие направени се 2 609 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи на ковид-19, од кои 49 се реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.
Најголемиот дел од новозаразените се од Скопје – 199, Битола – 19, Куманово – 15, Кавадарци – 13, Прилеп – 9, Охрид и Штип –по 8, Велес – 5, Струмица, Гевгелија и Ресен – по 4, Тетово и Гостивар – по 3, Делчево, Богданци и Демир Хисар – по 2, Кичево , Кочани ,Неготино ,Радовиш , Крива Паланка, Дебар, Валандово, Виница , Кратово и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје ( 77г), починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени две починати лица, од Богданци (87г) и Кочани (45г). Пријавените лица се починати во период од 17 до 19 март, а од пријавените, едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (3), кај сите се регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 284 оздравени пациенти од: Скопје – 144, Прилеп – 18, Битола – 17, Кавадарци – 15, Охрид и Велес – по 10, Куманово и Ресен – по 9, Гевгелија и Радовиш – по 7, Струмица – 5, Штип ,Гостивар, Кичево, Валандово и Струга – по 4, Тетово и Виница – по 3, Кочани ,Неготино и Свети Николе – по 2, Крива Паланка – 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1 941 593 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303 728, бројот на оздравени пациенти е 292 628, на починати е 9 187, а бројот на активни случаи изнесува 1 913.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 142 197, Активни 1 087
Куманово 16 475, Активни 67
Битола 14 594, Активни 136
Прилеп 13 896, Активни 132
Тетово 13 403, Активни 43
Кавадарци 10 368, Активни 76
Велес 9 628, Активни 24
Гостивар 9 514, Активни 19
Охрид 8 662, Активни 86
Струмица 7 974, Активни 23
Штип 7 955, Активни 19
Кичево 5 520, Активни 32
Кочани 5 021, Активни 18
Струга 4 678, Активни 12
Гевгелија 4 334, Активни 24
Неготино 3 641, Активни 9
Ресен 2 663, Активни 17
Свети Николе 2 612, Активни 3
Радовиш 2 507, Активни 12
Крива Паланка 2 403, Активни 7
Делчево 1 906, Активни 6
Дебар 1 662, Активни 7
Берово 1 635, Активни 2
Валандово 1 472, Активни 6
Виница 1 373, Активни 12
Пробиштип 1 259, Активни 2
Богданци 1 017, Активни 9
Кратово 956, Активни 7
Крушево 916, Активни 6
Демир Хисар 823, Активни 3
Македонски Брод 733, Активни 1
Демир Капија 585, Активни 3
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 484, Активни 1
Дојран 341, Активни 0