Од починатите, 17 се регистрирани изминатото деноноќие, а шест се со датум на смрт од 28 октомври до 5 ноември
Во моментов активни се 8 391 случаи. Најмногу од нив се во Скопје – 3 804. Дебар, пак, е единствениот град каде официјално нема активни случаи

Во последните 24 часа направени се 2 911 тестирања, а регистрирани се 493 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 200, Битола – 53, Куманово, Велес и Прилеп – по 23, Кавадарци – 20, Кочани – 19, Штип – 17, Тетово – 13, Делчево – 12, Гевгелија и Неготино – по 10, Демир Хисар – 8, Струмица – 7, Берово и Богданци – по 6, Гостивар, Охрид и Крива Паланка – по 5, Радовиш и Ресен – по 4, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 3, Кичево, Струга, Виница и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Македонски Брод и Пехчево – по 1.
Регистрирани се 532 оздравени пациенти од: Скопје – 232, Битола – 44, Кавадарци-29, Кочани – 23, Велес – 22, Прилеп – 20, Тетово – 16, Куманово – 15, Крива Паланка – 14, Ресен – 12, Штип и Делчево – по 10, Охрид, Гевгелија и Берово – по 8, Гостивар и Радовиш – по 7, Кичево, Неготино и Пробиштип – по 6, Свети Николе и Демир Хисар – по 5, Валандово – 4, Струга и Дебар – по 3, Виница, Кратово, Богданци и Пехчево – по 2, Дојран – 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 17 починати лица: 4 починати лица од Куманово (62г, 64г, 78г и 93г), 3 починати лица од Прилеп (73г,76г и 79г), по 2 починати лица од Скопје (72г и 91г), Велес (76г и 80г) и Кавадарци (57г и 71г), и по едно починато лице од Битола (78г), Делчево (41г), Крива Паланка (79г) и Ресен (71г). Од пријавените лица шеснаесет се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 6 починати лица со датум на смрт од 28.10.2021 до 05.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (4), Велес(1) и Прилеп (1). Починатите лица се на возраст од 43-97г, од кои 4 лица се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.
Активни се 8 391 случај
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210 938, бројот на оздравени пациенти е 195 157, на починати е 7 390, а бројот на активни случаи изнесува 8 391.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 92 144, активни 3 804
- Куманово 12 709, активни 321
- Тетово 11 251, активни 193
- Прилеп 9 940, активни 423
- Битола 8 236, активни 667
- Гостивар 8 054, активни 46
- Велес 7 163, активни 368
- Кавадарци 6 724, активни 324
- Штип 6 460, активни 230
- Охрид 6 315, активни 243
- Струмица 5 994, активни 122
- Кичево 4195, активни 93
- Струга 3 877, активни 55
- Кочани 3 870, активни 232
- Гевгелија 2 714, активни 152
- Неготино 2 517, активни 95
- Свети Николе 2 077, активни 71
- Крива Паланка 1 827, активни 157
- Радовиш 1 685, активни 81
- Ресен 1 667, активни 83
- Дебар 1 453, активни 0
- Берово 1 342, активни 62
- Делчево 1 307, активни 125
- Виница 1 134, активни 48
- Пробиштип 1 097, активни 51
- Валандово 888, активни 28
- Кратово 734, активни 77
- Богданци 623, активни 33
- Демир Хисар 575, активни 89
- Крушево 574, активни 27
- Македонски Брод 484, активни 5
- Демир Капија 419, активни 10
- Македонска Каменица 390, активни 57
- Пехчево 340, активни 14
- Дојран 159, активни 5