Во моментов активни се 624 случаи од кои 355 се во Скопје

Во последните 24 часа направени се 704 теста, а регистрирани се 57 нови случаи наковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 39, Велес – 4, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Кавадарци и Неготино – по 2, Радовиш и Штип – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (57), регистрирани се 12 реинфекции.
Регистрирани се 90 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Прилеп – 10, Битола – 7, Кавадарци – 5, Велес – 3, Охрид, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 2, Неготино, Ресен и Крушево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица, но согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се регистрирани 2 починати лица од Скопје (85г) и Битола (60г). Лицата се починати во домашни услови на 20 август и 14 септември.
Каква е состојбата по градови
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342 469, бројот на оздравени пациенти е 332 319, на починати е 9 526 а бројот на активни случаи изнесува 624.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 161 138, Активни 355
- Куманово 18 193, Активни 31
- Битола 17 905, Активни 39
- Прилеп 15 468, Активни 34
- Тетово 14 449, Активни 9
- Кавадарци 12 066, Активни 20
- Велес 10 787, Активни 22
- Охрид 10 295, Активни 15
- Гостивар 10 273, Активни 2
- Струмица8 774, Активни 8
- Штип 8 743, Активни 21
- Кичево 6 066, Активни 5
- Кочани 5 545, Активни 2
- Струга 5 172, Активни 1
- Гевгелија 4 873, Активни 5
- Неготино 4 135, Активни 4
- Ресен 3 026, Активни 17
- Радовиш 2 834, Активни 8
- Свети Николе 2 793, Активни 0
- Крива Паланка 2 659, Активни 2
- Делчево 2 182, Активни 9
- Берово 1 873, Активни 2
- Дебар 1 812, Активни 0
- Валандово 1 600, Активни 1
- Виница 1 477, Активни 0
- Пробиштип 1 299, Активни 0
- Кратово 1 120, Активни 4
- Богданци 1 100, Активни 0
- Крушево 1 037, Активни 5
- Демир Хисар 927, Активни 2
- Македонски Брод 798, Активни 1
- Демир Капија 628, Активни 0
- Македонска Каменица 534, Активни 0
- Пехчево 518, Активни 0
- Дојран 370, Активни 0
