Од починатите четири лица, три биле со коморбидитети. Жртвите биле на возраст од 63 до 77 години
Изминатото деноноќие регистрирани се и 296 оздравени пациенти. Во моментов во земјава бројот на активни случаи е под 2 000

Во последните 24 часа направени се 965 тестови, а регистрирани се 64 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 50, Прилеп и Кавадарци – по 5, Битола, Тетово, Крива Паланка и Виница – по1.
Од вкупниот број на позитивни (64), регистрирани се 12 реинфекциии.
Регистрирани се 296 оздравени пациенти од: Скопје – 173, Прилеп – 17, Кавадарци – 14, Куманово – 13, Струмица – 11, Битола – 10, Велес, Гостивар и Охрид – по 8, Кочани и Дебар – по 4, Кичево, Ресен и Кратово – по 3, Крива Паланка, Штип, Струга, Гевгелија, Берово и Валандово – по 2, Тетово, Радовиш, Богданци, Демир Капија и Пехчево по – 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се две починати лица: по едно починато лице од Скопје (63г) и Струмица (77г), починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени две починати лица, од Скопје (73г) и Гевгелија (63г). Пријавените лица се починати во период од 05.03. до 12.03.2022 година. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (4), кај 3 се регистрирани коморбидитети.
Активни се 1 890 случаи – 1 031 се во Скопје
Досега во земјата се направени вкупно 1.938.935 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.418, бројот на оздравени пациенти е 292 344, на починати е 9 184, а бројот на активни случаи изнесува 1 890.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 141 996, Активни 1 031
- Куманово 16 460, Активни 61
- Битола 14 576, Активни 135
- Прилеп 13 887, Активни 141
- Тетово 13 400, Активни 43
- Кавадарци 10 355, Активни 78
- Велес 9 623, Активни 29
- Гостивар 9 512, Активни 21
- Охрид 8 654, Активни 88
- Струмица 7 970, Активни 24
- Штип 7 947, Активни 15
- Кичево 5 519, Активни 35
- Кочани 5 020, Активни 20
- Струга 4 678, Активни 16
- Гевгелија 4 329, Активни 26
- Неготино 3 640, Активни 10
- Ресен 2 659, Активни 22
- Свети Николе 2 612, Активни 5
- Радовиш 2 506, Активни 18
- Крива Паланка 2 402, Активни 7
- Делчево 1 904, Активни 4
- Дебар 1 661, Активни 6
- Берово 1 635, Активни 2
- Валандово 1 471, Активни 9
- Виница 1 372, Активни 14
- Пробиштип 1 259, Активни 2
- Богданци 1 015, Активни 8
- Кратово 956, Активни 7
- Крушево 916, Активни 6
- Демир Хисар 821, Активни 1
- Македонски Брод 732, Активни 0
- Демир Капија 585, Активни 3
- Македонска Каменица 521, Активни 2
- Пехчево 484, Активни 1
- Дојран 341, Активни 0