Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, дополнително се регистрирани две починати лица починати во период од 15 до 28 септември 2022 година
Во последните 24 часа направени се 695 теста, а регистрирани се 65 нови случаи на ковид-19, од кои 14 се реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.
Најголем дел од заразените се во Скопје – 47, Битола – 4, Кавадарци- 3, Тетово, Велес и Кичево – по 2, Куманово, Охрид, Штип, Гевгелија и Берово – по 1.
Регистрирани сe 61 оздравен пациент од: Скопје – 45, Битола – 5, Охрид и Прилеп – по 3, Кавадарци, Тетово, Куманово, Штип и Струмица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Кавадарци (77г), починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје (86г) и Битола (65г), починати во период од 15 до 28 септември 2022 година. Едно од лицата е починато во домашни, а едно во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 2 165 557 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343 208, бројот на оздравени пациенти е 333 219, на починати е 9 542 а бројот на активни случаи изнесува 447.