Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза коивд-19 од Мој термин, пак, дополнително се регистрирани две починати лица од Кавадарци (76г) и Скопје (85г). Лицата се починати во домашни услови, а за починати се регистрирани во период од 16 до 25 септември 2022 година
Во последните 24 часа направени се 529 теста, а регистрирани се 56 нови случаи на ковид-19, од кои девет се реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.
Најголемиот дел од новозаразените се во Скопје – 36, Куманово – 4, Прилеп и Охрид – по 3, Битола – 2, Кавадарци, Велес, Струмица, Штип, Неготино, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 69 оздравени пациенти од: Скопје – 51, Куманово и Прилеп – по 4, Штип – 3, Битола и Тетово – по 2, Велес, Кратово и Крива Паланка – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа нема регистрирани починати лица.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза коивд-19 од Мој термин, пак, дополнително се регистрирани две починати лица од Кавадарци (76г) и Скопје (85г). Лицата се починати во домашни услови, а за починати се регистрирани во период од 16 до 25 септември 2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2 173 215 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343 319, бројот на оздравени пациенти е 333 343, a на починати е 9 544.
Бројот на активни случаи во моментов во земјата изнесува 432.
