Од починатите, 13 случаи се од последното деноноќие, а пет се со датум на смрт од 4 до 9 ноември. Најмладите жртви биле на возраст од 42 и 45 години

Во последните 24 часа направени се 2 663 тестирања, а регистрирани се 432 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 142, Битола – 47, Прилеп – 31, Куманово – 22, Кавадарци – 19, Тетово, Велес и Кочани – по 18, Штип и Радовиш – по 12, Демир Хисар – 9, Гевгелија, Ресен и Делчево – по 8, Виница – 7, Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 6, Охрид и Кичево – по 5, Струмица – 4, Крушево – 3, Македонска Каменица – 2, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.
Регистрирани се 448 оздравени пациент од: Скопје – 186, Куманово – 42, Прилеп и Велес – по 26, Кавадарци – 21, Битола – 19, Кочани и Штип – по 16, Тетово и Крива Паланка – по 14, Кичево – 9, Пробиштип – 8, Неготино и Охрид – по 6, Гевгелија и Делчево – по 5, Демир Хисар и Струга – по 4, Кратово и Свети Николе – по 3, Радовиш, Гостивар, Берово, Струмица и Валандово – по 2, Ресен, Македонска Каменица, Богданци, Пехчево и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 4 починати лица од Скопје (45г, 78г, 88г и 90г), по 2 починати лица од Куманово (42г и 70г), Битола (51г и 68г) и Прилеп (66г и 70г), и по едно починато лице од Делчево (74г), Велес (79г) и Кочани (55г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште пет починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 09.11.2021. Регистрирани се починати лица од Крива Паланка (2), Скопје (1), Прилеп (1) и Виница(1), на возраст од 57-82г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови.
Активни се 8 334 случаи – каква е состојбата по градови
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207 998, бројот на оздравени пациенти е 192 370, на починати е 7 294, а бројот на активни случаи изнесува 8 334.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 90 894, активни 3 773
- Куманово 12 587, активни 388
- Тетово 11 193, активни 222
- Прилеп 9 786, активни 397
- Гостивар 8 035, активни 42
- Битола 7 954, активни 606
- Велес 7 033, активни 360
- Кавадарци 6 575, активни 349
- Штип 6 376, активни 257
- Охрид 6 250, активни 213
- Струмица 5960, активни 108
- Кичево 4 177, активни 113
- Струга 3 865, активни 50
- Кочани 3 767, активни 233
- Гевгелија 2 658, активни 138
- Неготино 2 476, активни 96
- Свети Николе 2 059, активни 86
- Крива Паланка 1 772, активни 167
- Радовиш 1 666, активни 84
- Ресен 1 639, активни 79
- Дебар 1453, активни 3
- Берово 1 310, активни 63
- Делчево 1 257, активни 108
- Виница 1 119, активни 44
- Пробиштип 1 081, активни 68
- Валандово 871, активни 20
- Кратово 704, активни 62
- Богданци 608, активни 28
- Крушево 571, активни 31
- Демир Хисар 544, активни 72
- Македонски Брод 482, активни 6
- Демир Капија 414, активни 5
- Македонска Каменица 383, активни 53
- Пехчево 326, активни 3
- Дојран 153, активни 7