Од починатите, 12 се регистрирани во последното деноноќие, а четири се со датум на смрт од 25 до 30 октомври

Во последните 24 часа, направени се 3 029 тестирања, а регистрирани се 550 нови случаи на ковид-19, информираше Министерство за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 214, Битола – 58, Куманово – 30, Кавадарци – 27, Велес – 26, Тетово – 23, Штип – 22, Прилеп – 19, Кочани – 18, Крива Паланка – 15, Пробиштип – 11, Кичево – 9, Струмица и Неготино – по 8, Гевгелија, Радовиш и Кратово – по 7, Берово и Крушево по – 6, Охрид, Свети Николе, Делчево и Демир Хисар – по 5, Валандово – 4, Струга и Македонска Каменица – по 2, Богданци – 1.
Регистрирани се 390 оздравени пациент од: Скопје – 167, Куманово – 45, Велес – 27, Кавадарци – 21, Тетово и Штип – по 16, Кочани – 15, Прилеп, Битола, Охрид и Струмица – по 10, Гевгелија – 7, Свети Николе и Крива Паланка – по 5, Кичево, Струга и Валандово по – 4, Радовиш, Виница и Кратово – по 3, Неготино и Богданци – по 2, Пробиштип – 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (32г, 70г, 70г, 87г и 88г), 2 лица од Куманово (75г и 86г) и по едно починато лице од Велес (64г), Крива Паланка (69г), Струмица (63г), Кочани (87г) и Тетово (85г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се четри починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 30.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (1), Куманово(1), Битола(1), и Пробиштип (1) на возраст од 73 до 81 години, од кои 1 е починато во болнички услови, а 3 се починати во домашни услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 204 416, бројот на оздравени пациенти е 189 947, на починати е 7 194, а бројот на активни случаи изнесува 7 275.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 89 486, Активни 3 508
- Куманово 12 406, Активни 424
- Тетово 11 081, Активни 170
- Прилеп 9 594, Активни 336
- Гостивар 8 011, Активни 27
- Битола 7 601, Активни 358
- Велес 6 895, Активни 335
- Кавадарци 6 400, Активни 281
- Штип 6 248, Активни 236
- Охрид 6 192, Активни 191
- Струмица 5 932, Активни 108
- Кичево 4 136, Активни 96
- Струга 3 846, Активни 42
- Кочани 3 644, Активни 198
- Гевгелија 2 585, Активни 92
- Неготино 2 421, Активни 69
- Свети Николе 2 036, Активни 80
- Крива Паланка 1 700, Активни 164
- Радовиш 1 616, Активни 56
- Ресен 1 600, Активни 54
- Дебар 1 453, Активни 3
- Берово 1 273, Активни 53
- Делчево 1 194, Активни 67
- Виница 1 094, Активни 33
- Пробиштип 1 049, Активни 74
- Валандово 867, Активни 28
- Кратово 669, Активни 42
- Богданци 592, Активни 18
- Крушево 559, Активни 23
- Демир Хисар 505, Активни 49
- Македонски Брод 479, Активни 4
- Демир Капија 410, Активни 1
- Македонска Каменица 367, Активни 43
- Пехчево 324, Активни 5
- Дојран 151, Активни 7