Од пријавените смртни случаи, 12 се регистрирани во последното деноноќие, а четири се со датум на смрт од 27 ноември до 15 декември. Последните 24 часа регистрирани се и 325 оздравени пациенти

Во последните 24 часа направени се 2 740 тестирања, а регистрирани се 327 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 159, Кавадарци – 25, Прилеп – 24, Битола – 17, Гевгелија – 13, Охрид – 12, Куманово – 9, Свети Николе – 8, Штип – 7, Тетово, Велес, Крива Паланка и Валандово – по 5, Кичево и Ресен – по 4, Струмица, Кочани, Неготино и Крушево – по 3, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Струга, Делчево, Виница, Пробиштип, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани се 325 оздравени пациенти од: Скопје – 171, Кавадарци – 28, Прилеп – 25, Битола – 18, Куманово – 13, Кочани – 9, Радовиш – 8, Тетово и Штип – по 6, Неготино, Ресен, Делчево и Демир Хисар – по 5, Велес и Кичево – по 4, Струмица, Гевгелија и Кратово – по 2, Свети Николе, Берово, Валандово, Богданци, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 6 починати лица од Скопје (57г, 64г, 72г, 76г, 85г и 86г), две починати лица од Прилеп (40г и 82г) и по едно починато лице од Битола (67г), Кавадарци (73г), Кочани (72г) и Македонски Брод (70г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 27.11-15.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (2), Кочани (1) и Свети Николе (1). Починатите лица се на возраст од 57г до 88г. Од пријавените починати лица, едно лице е починато во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.
Активни се 5 437 случаи
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220 794, бројот на оздравени пациенти е 207 563, на починати е 7 794, а бројот на активни случаи изнесува 5 437.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 96 760, Активни 2 605
- Куманово 13045, Активни 152
- Тетово 11 393, Активни 86
- Прилеп 10 567, Активни 360
- Битола 9 040, Активни 433
- Гостивар 8 082, Активни 20
- Велес 7 426, Активни 168
- Кавадарци 7 275, Активни 261
- Штип 6 686, Активни 105
- Охрид 6 650, Активни 227
- Струмица 6 212, Активни 129
- Кичево 4 283, Активни 75
- Кочани 4 077, Активни 76
- Струга 3 917, Активни 28
- Гевгелија 2 869, Активни 96
- Неготино 2 609, Активни 51
- Свети Николе 2 149, Активни 51
- Крива Паланка 1 936, Активни 60
- Ресен 1 791, Активни 51
- Радовиш 1 786, Активни 52
- Берово 1 472, Активни 32
- Дебар 1 456, Активни 0
- Делчево 1 445, Активни 71
- Виница 1 169, Активни 15
- Пробиштип 1 133, Активни 22
- Валандово 994, Активни 57
- Кратово 785, Активни 18
- Богданци 663, Активни 31
- Демир Хисар 628, Активни 29
- Крушево 601, Активни 25
- Македонски Брод 516, Активни 17
- Македонска Каменица 426, Активни 24
- Демир Капија 426, Активни 0
- Пехчево 355, Активни 5
- Дојран 172, Активни 5