Од 14 пријавени смртни случаи, 8 се регистрирани изминатото деноноќие, а шест се со датум на смрт од 25 октомври до 11 декември

Во последните 24 часа направени се 2 562 тестирања, а регистрирани се 326 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 145, Прилеп – 22, Битола – 21, Кавадарци и Охрид – по 15, Струмица – 14, Штип – 12, Куманово – 11, Валандово – 9, Радовиш – 7, Велес, Кочани и Крива Паланка – по 6, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 5, Тетово и Ресен – по 4, Свети Николе – 3, Берово, Пробиштип и Богданци – по 2, Струга, Делчево, Виница, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани се 242 оздравени пациенти од: Скопје – 146, Битола – 19, Охрид – 10, Прилеп, Кавадарци, Куманово и Велес – по 8, Штип – 6, Гевгелија – 5, Демир Хисар – 4, Струмица, Кочани и Делчево – по 3, Крива Паланка и Ресен – по 2, Радовиш, Кичево, Неготино, Пробиштип, Виница, Крушево и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (77г, 83г и 100г), 2 починати лица од Прилеп (68г и 69г) и по едно починато лице од Велес (71г), Виница (57г) и Кратово (53г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 6 лица, починати во период од 25.10-11.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (3), Тетово (2) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 50г до 80г. Од пријавените починати лица, 4 се починати во домашни, а две лица во болнички услови.
Активни се 5 498: Каква е состојбата по градови
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220 169, бројот на оздравени пациенти е 206 903, на починати е 7 768, а бројот на активни случаи изнесува 5 498.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 96 457, Активни 2 647
- Куманово 13 028, Активни 158
- Тетово 11 383, Активни 88
- Прилеп 10 527, Активни 363
- Битола 9 008, Активни 447
- Гостивар 8 080, Активни 20
- Велес 7 417, Активни 173
- Кавадарци 7 227, Активни 264
- Штип 6 670, Активни 102
- Охрид 6 627, Активни 215
- Струмица 6 200, Активни 120
- Кичево 4 266, Активни 65
- Кочани 4 070, Активни 93
- Струга 3 916, Активни 27
- Гевгелија 2 851, Активни 81
- Неготино 2 605, Активни 54
- Свети Николе 2 141, Активни 45
- Крива Паланка 1 928, Активни 58
- Ресен 1 780, Активни 54
- Радовиш 1 780, Активни 63
- Берово 1 472, Активни 37
- Дебар 1 456, Активни 0
- Делчево 1 441, Активни 78
- Виница 1 165, Активни 12
- Пробиштип 1 131, Активни 21
- Валандово 986, Активни 50
- Кратово 783, Активни 19
- Богданци 661, Активни 30
- Демир Хисар 625, Активни 37
- Крушево 598, Активни 23
- Македонски Брод 513, Активни 16
- Демир Капија 426, Активни 1
- Македонска Каменица 424, Активни 25
- Пехчево 355, Активни 6
- Дојран 172, Активни 6