Од починатите, 10 се регистрирани изминатото деноноќие, а четири се со датум на смрт од 10 до 26 февруари. Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети

Во последните 24 часа се направени 2 533 теста, а регистрирани се 467 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство.
Изразено во проценти, околу 18,5 отсто од тестираните изминатото деноноќие биле позитивни на ковид-19. Од вкупниот број на позитивни (467), регистрирани се 58 реинфекции.
Новите случаи се во: Скопје – 245, Куманово – 34, Велес – 22, Битола – 20, Прилеп – 19, Кавадарци – 18, Тетово – 17, Охрид – 13, Струга и Ресен – по 8, Штип, Гевгелија и Крива Паланка – по 7, Струмица, Кичево и Дебар – по 6, Гостивар – 5, Кочани, Неготино и Демир Хисар – по 3, Радовиш, Валандово, Пробиштип и Македонска Каменица – по 2, Берово и Виница – по 1.
Регистрирани се 414 оздравени пациенти од: Скопје – 202, Битола – 28, Кавадарци и Велес – по 26, Куманово – 21, Прилеп – 19, Штип – 13, Тетово – 12, Струмица – 10, Кичево – 9, Крива Паланка – 8, Гостивар – 7, Гевгелија – 6, Струга – 5, Радовиш – 4, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 3, Охрид, Ресен и Валандово – по 2, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (88г, 88г, 85г и 75г) и по едно починато лице од Дебар (88г), Кавадарци (71г), Демир Хисар (80г), Охрид (67г.), Демир Капија (82г) и Неготино (87г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (2), Куманово (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 77г. до 85г. Лицата за починати се пријавени во период од 10.02. до 26.02.2022. Од пријавените лица едно лице е починато во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети.
Активни се 3 233 случаи: 1 779 се во Скопје
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 298 662, бројот на оздравени пациенти е 286 378, на починати е 9 050 а бројот на активни случаи изнесува 3 233.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 139 484, Активни 1 779
- Куманово 16 211, Активни 155
- Битола 14 284, Активни 160
- Прилеп 13 594, Активни 151
- Тетово 13 325, Активни 92
- Кавадарци 10 156, Активни 118
- Велес 9 477, Активни 127
- Гостивар 9 380, Активни 51
- Охрид 8 541, Активни 77
- Струмица 7 915, Активни 41
- Штип 7 901, Активни 38
- Кичево 5 406, Активни 68
- Кочани 4 956, Активни 22
- Струга 4 633, Активни 41
- Гевгелија 4 270, Активни 69
- Неготино 3 607, Активни 34
- Свети Николе 2 603, Активни 14
- Ресен 2 583, Активни 46
- Радовиш 2 470, Активни 13
- Крива Паланка 2 379, Активни 31
- Делчево 1 895, Активни 12
- Дебар 1 639, Активни 12
- Берово 1 625, Активни 4
- Валандово 1 458, Активни 5
- Виница 1 339, Активни 1
- Пробиштип 1 256, Активни 7
- Богданци 1 001, Активни 16
- Кратово 931, Активни 8
- Крушево 902, Активни 8
- Демир Хисар 807, Активни 11
- Македонски Брод 723, Активни 7
- Демир Капија 577, Активни 9
- Македонска Каменица 520, Активни 5
- Пехчево 482, Активни 0
- Дојран 331, Активни 1