Од починатите, 10 смртни случаи се регистрирани изминатото деноноќие, а четири се со датум на смрт од 19 ноември до 7 декември

Во последните 24 часа направени се 3 162 тестирања, а регистрирани се 353 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се: Скопје – 174, Прилеп – 42, Битола – 27, Кавадарци – 22, Куманово и Велес – по 13, Валандово – 9, Охрид – 8, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 6, Тетово – 5, Кочани – 4, Свети Николе и Радовиш – по 3, Штип, Струмица, Крива Паланка и Богданци – по 2, Гостивар, Делчево, Кратово и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани се 450 оздравени пациенти од: Скопје – 235, Битола – 39, Прилеп и Куманово – по 26, Охрид – 20, Кавадарци – 15, Струмица – 13, Кочани – 11, Велес, Берово и Демир Хисар – по 7, Радовиш и Штип – по 6, Гевгелија, Крива Паланка и Кратово – по 4, Тетово – 3, Кичево, Свети Николе, Делчево, Струга, Ресен, Виница и Пробиштип – по 2, Валандово, Неготино и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 3 починати лица од Скопје (67г, 87г и 91г) и по едно починато лице од Кавадарци (62г), Кочани (69), Куманово (75г), Струмица (78г), Тетово (78г), Велес (80г) и Охрид (80г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 19.11-07.12.2021 година. Починатите лица се од Гевгелија (1), Скопје (1), Кочани (1) и Дојран (1). Починатите лица се на возраст од 71г до 88г. Од пријавените починати лица, 3 се починати во домашни, а едно лице во болнички услови.
Активни се 5 428 случаи: Речиси половина се во Скопје, во Дебар ниту еден
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219 843, бројот на оздравени пациенти е 206 661, на починати е 7 754, а бројот на активни случаи изнесува 5 428.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 96 308, Активни 2 650
- Куманово 13 018, Активни 156
- Тетово 11 379, Активни 86
- Прилеп 10 506, Активни 352
- Битола 8 987, Активни 445
- Гостивар 8 082, Активни 22
- Велес 7 411, Активни 176
- Кавадарци 7 212, Активни 257
- Штип 6 657, Активни 95
- Охрид 6 611, Активни 209
- Струмица 6 187, Активни 110
- Кичево 4 261, Активни 61
- Кочани 4 065, Активни 91
- Струга 3 915, Активни 27
- Гевгелија 2 846, Активни 81
- Неготино 2 600, Активни 50
- Свети Николе 2 138, Активни 42
- Крива Паланка 1 922, Активни 54
- Ресен 1776, Активни 52
- Радовиш 1 773, Активни 57
- Берово 1 470, Активни 35
- Дебар 1 456, Активни 0
- Делчево 1 440, Активни 80
- Виница 1 164, Активни 13
- Пробиштип 1 130, Активни 21
- Валандово 977, Активни 41
- Кратово 783, Активни 20
- Богданци 659, Активни 28
- Демир Хисар 624, Активни 40
- Крушево 597, Активни 23
- Македонски Брод 512, Активни 15
- Демир Капија 426, Активни 2
- Македонска Каменица 424, Активни 25
- Пехчево 355, Активни 6
- Дојран 172, Активни 6