Од починатите, шест случаи се регистрирани во изминатото деноноќие, а седум биле со датум на смрт од 10 до 23 февруари. Жртвите биле на возраст од 58 до 85 години
Во моментов активни се 4 298 случаи од кои 2 304 се во Скопје. Дојран, пак, засега е единствениот град без ниту еден активен случај

Во последните 24 часа направени се 3 146 тестови, а регистрирани се 473 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Процентот на позитивни од вкупниот број на тестирани изнесува 15 отсто. Од вкупниот број на позитивни (473) изминатото деноноќие, регистрирани се 74 реинфекции.
Новите случаи се во: Скопје – 255, Битола – 31, Куманово – 25, Прилеп – 23, Кавадарци и Велес – по 17, Тетово – 14, Кичево – 13, Охрид и Штип – по 12, Струмица и Гевгелија – по 10, Гостивар и Струга – по 5, Радовиш, Демир Хисар и Демир Капија – по 3, Ресен, Крива Паланка, Делчево, Валандово, Пробиштип, Богданци и Крушево – по 2, Дебар – 1.
Регистриран се 775 оздравени пациенти од: Скопје – 454, Куманово – 55, Битола – 54, Струмица – 26, Тетово – 25, Прилеп – 20, Кичево – 17, Охрид – 15, Кавадарци и Велес-по 14, Гостивар – 9, Кочани и Ресен – по 8, Штип – 7, Крива Паланка – 6, Струга, Неготино и Радовиш – по 5, Гевгелија, Богданци и Кратово – по 4, Делчево – 3, Берово, Валандово, Виница, Крушево и Пехчево – по 2, Пробиштип, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: По едно починато лице од Прилеп (89г), Кочани (85г), Штип (80г), Охрид (71г), Велес (85г) и Кичево (71г). Сите пријавени лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица од: Скопје (2), Битола (2), Крива Паланка (1), Штип (1) и Гевгелија (1). Починатите лица се на возраст од 58г. до 84г. Починати се во период од 10.02. до 23.02.2022. Од починатите лица, 2 се починати во болнички услови, а 5 лица во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (13), кај 11 лица се регистрирани коморбидитети.
Активни се 4 298 случаи
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 296 703, бројот на оздравени пациенти е 283 411, на починати е 8 994, а бројот на активни случаи изнесува 4 298.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 137 649, Активни 2 304
- Куманово 16 154, Активни 165
- Битола 14 240, Активни 243
- Прилеп 13 564, Активни 188
- Тетово 13 373, Активни 115
- Кавадарци 10 143, Активни 190
- Велес 9 443, Активни 207
- Гостивар 9 376, Активни 58
- Охрид 8 509, Активни 111
- Струмица 7 923, Активни 81
- Штип 7 908, Активни 49
- Кичево 5 409, Активни 90
- Кочани 4 934, Активни 34
- Струга 4 650, Активни 49
- Гевгелија 4 218, Активни 75
- Неготино 3 620, Активни 59
- Свети Николе 2 624, Активни 19
- Ресен 2 582, Активни 42
- Радовиш 2 504, Активни 41
- Крива Паланка 2 375, Активни 33
- Делчево 1 891, Активни 14
- Берово 1 709, Активни 6
- Дебар 1 624, Активни 28
- Валандово 1 526, Активни 15
- Виница 1 362, Активни 2
- Пробиштип 1 285, Активни 5
- Богданци 995, Активни 18
- Кратово 928, Активни 7
- Крушево 883, Активни 11
- Демир Хисар 821, Активни 12
- Македонски Брод 691, Активни 11
- Демир Капија 554, Активни 12
- Македонска Каменица 521, Активни 2
- Пехчево 458, Активни 2
- Дојран 257, Активни 0