Во последните 24 часа бројот на заразени со коронавирусот се зголеми за 541 илјада, со што вкупната бројка на потврдени случаи на светско ниво сега изнесува речиси 84,5 милиони, покажува синоќешниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО).
Речиси половина од пријавените случаи во изминатите 24 часа биле регистрирани во Северна и Јужна Америка (266 499), потоа во Европа (202 958) и во Југоисточна Азија (26 070).
Кога станува збор за смртните случаи, пак, тие се зголемиле за 8 700, а вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата е приближно 1,85 милион.
Инаку, од почетокот на пандемијата, според СЗО, најмногу случаи се регистрирани во:
- САД – 20 470 169
- Индија 10 356 844
- Бразил 7 733 746
- Русија 3 284 384
- Велика Британија 2 713 567
- Франција 2 615 185
- Италија 2 166 244
- Шпанија 1 893 502
- Германија 1 787 410
- Колумбија 1 675 820
- Аргентина 1 640 718
- Мексико 1 448 755.