Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција информираше дека денеска првпат била земена крвна плазма од лица кои имаат развиено антитела на ковид-19, а со која ќе се лекуваат болните од коронавирус за кои има проценка дека може да се употреби овој метод.
„Денеска првпат беше екстрахирана плазма на двајца пациенти кои се ковалесцентни, односно се во фаза во која се носители на антителата против вирусот. Во следните денови, исто како и терапијата со озон, во болницата ‘8 Септември’ ќе биде имлицирана кај пациенти каде што експертите ќе ја индицираат“,
изјави Филипче.
Покрај лекувањето со крвна плазма, Филипче вели дека подготвен е теренот за да се почне и со озонотерапијата, која ќе се користи за најтешките случаи. Со овој метод, на пациентите ќе им се вади одредена количина крв, таа ќе се озонира и потоа повторно ќе се враќа во пациентите.
