Од починатите лица најмладата жртва е 35 годишно лице од Штип
Во моментов активни се 5 539 случаи од кои 2 632 се во Скопје. Дебар и Демир Капија, пак, се градови без ниту еден активен случај

Во последните 24 часа направени се 3 814 тестирања, а регистриран е 301 нов случај на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 147, Прилеп – 21, Кавадарци – 14, Ресен – 13, Охрид – 11, Битола – 10, Делчево и Валандово – по 9, Штип – 8, Велес и Гевгелија – по 7, Куманово и Струмица – по 6, Кичево – 5, Неготино, Кратово и Богданци – по 4, Крива Паланка, Радовиш и Виница – по 3, Пробиштип и Македонски Брод – по 2, Берово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани се 192 оздравени пациенти од: Скопје – 119, Битола – 12, Кавадарци – 10, Охрид и Кочани – по 9, Велес и Гевгелија – по 6, Неготино – 5, Куманово и Ресен – по 3, Струга и Демир Хисар – по 2, Тетово, Прилеп, Свети Николе, Кратово, Богданци и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се седум починати лица: две починати лица од Битола (79г и 90 г) и по едно починато лице од Скопје (73г), Штип (35г), Охрид (90г), Крива Паланка (91г) и Делчево (64г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221 095, бројот на оздравени пациенти е 207 755, на починати е 7 801, а бројот на активни случаи изнесува 5 539.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 96 907, Активни 2 632
- Куманово 13 051, Активни 155
- Тетово 11 393, Активни 85
- Прилеп 10 588, Активни 380
- Битола 9 050, Активни 429
- Гостивар 8 082, Активни 20
- Велес 7 433, Активни 169
- Кавадарци 7 289, Активни 265
- Штип 6 694, Активни 112
- Охрид 6 661, Активни 228
- Струмица 6 218, Активни 135
- Кичево 4 288, Активни 80
- Кочани 4 077, Активни 67
- Струга 3 917, Активни 26
- Гевгелија 2 876, Активни 97
- Неготино 2 613, Активни 50
- Свети Николе 2 149, Активни 50
- Крива Паланка 1 939, Активни 62
- Ресен 1 804, Активни 61
- Радовиш 1 789, Активни 55
- Берово 1 473, Активни 33
- Дебар 1 456, Активни 0
- Делчево 1 454, Активни 79
- Виница 1 172, Активни 18
- Пробиштип 1 135, Активни 24
- Валандово 1 003, Активни 66
- Кратово 789, Активни 21
- Богданци 667, Активни 34
- Демир Хисар 629, Активни 28
- Крушево 601, Активни 25
- Македонски Брод 518, Активни 19
- Македонска Каменица 427, Активни 25
- Демир Капија 426, Активни 0
- Пехчево 355, Активни 5
- Дојран 172, Активни 4