Во последните 24 часа во земјава починаа 25 лица по компликации од ковид-19, покажува денешниот извештај на Министерството за здравство.
Жртвите се на возраст од 47 до 87 години.
Според извештајот од здравствените власти: осум од починатите се од Скопје (63, 80, 72, 72, 53, 81, 60 и 71 г); двајца од Куманово (86 и 87 г); еден од Прилеп (77г); двајца од Велес (68 и 61 г); тројца од Битола (54, 67 и 57 г); еден од Кавадарци (68г); тројца од Гостивар (60, 75 и 59 г); еден од Гевгелија (71г); еден од Струмица (47г); еден од Радовиш (53г); еден од Свети Николе (75г) и еден пациент од Ресен (84г).
Од нив двајца пациенти се починати вон, а останатите се во болнички услови.
Вкупната бројка на починати од ковид-19 од почетокот на епидемијата изнесува 2 121.