Од починатите девет лица биле целосно вакцинирани, а кај 20 биле регистрирани коморбидитети
Бројот на активни случаи се искачи над 20 000. Повеќе од половина се во Скопје – 10 248, а Битола со 1 454, Кавадарци со 906 и Куманово со 890 се следните на листата градови со најмногу активни случаи во моментов. Најмалку, пак, има во Дојран – 13

Во последните 24 часа направени се 5 082 тестови, а регистрирани се 1 254 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Ова значи дека речиси 25 отсто од тестираните изминатото деноноќие биле позитивни односно дека секој четврти тест бил позитивен.
Од вкупниот број на позитивни (1 254), регистрирани се 169 реинфекции.
Новите случаи се во: Скопје – 655, Битола – 87, Куманово – 55, Тетово и Кавадарци – по 46, Прилеп – 40, Велес – 33, Штип – 31, Струмица – 30, Гевгелија – 29, Гостивар – 25, Неготино – 23, Кичево и Свети Николе – по 19, Охрид и Кочани – по 17, Ресен и Крива Паланка – по 12, Богданци – 9, Виница – 8, Струга – 6, Радовиш и Дебар – по 5, Делчево – 4, Крушево, Македонски Брод и Пехчево – по 3, Берово, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 2, Пробиштип, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран – по 1.
Регистрирани се 28 оздравени пациенти од: Скопје – 14, Кочани – 5, Богданци – 3, Кичево, Гевгелија, Радовиш, Пробиштип, Кратово и Крушево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 21 починато лице: 7 починати лица од Скопје (65г, 79 г, 82 г, 83 г, 84 г, 85 г и 90 г), по 3 починати лица од Кавадарци (64г, 72 г и 87 г), и Струмица (54г, 62 г и 75 г), 2 починати лица од Прилеп (72г и 82 г) и по едно починато лице од Куманово (87г), Битола (78г), Тетово (73г), Кичево (80г), Струга (66г) и Неготино (63г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=21), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 20 се регистрирани коморбидитети.
Активни се 20 114 случаи: Каква е состојбата по градови
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268 191, бројот на оздравени пациенти е 239 694, на починати е 8 383, а бројот на активни случаи изнесува 20 114.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 121 976, Активни 10 248
- Куманово 14 825, Активни 890
- Прилеп 12 740, Активни 636
- Битола 12 786, Активни 1 454
- Тетово 1 403, Активни 622
- Кавадарци 8 964, Активни 906
- Гостивар 8 781, Активни 401
- Велес 8 464, Активни 544
- Охрид 7 922, Активни 430
- Штип 7 527, Активни 378
- Струмица 7 213, Активни 467
- Кичево 4 942, Активни 316
- Кочани 4 630, Активни 244
- Струга 4 366, Активни 207
- Гевгелија 3 759, Активни 443
- Неготино 3 188, Активни 323
- Свети Николе 2 442, Активни 167
- Ресен 2 367, Активни 250
- Радовиш 2 253, Активни 214
- Крива Паланка 2 213, Активни 117
- Делчево 1 767, Активни 151
- Берово 1 646, Активни 59
- Дебар 1 504, Активни 25
- Валандово 1 361, Активни 149
- Виница 1 292, Активни 57
- Пробиштип 1 253, Активни 37
- Кратово 880, Активни 30
- Богданци 877, Активни 107
- Крушево 822, Активни 46
- Демир Хисар 764, Активни 54
- Македонски Брод 638, Активни 38
- Македонска Каменица 498, Активни 35
- Демир Капија 490, Активни 31
- Пехчево 427, Активни 25
- Дојран 211, Активни 13
