Од новите 101 случај со ковид-19 регистрирани изминатото деноноќие во земјава, два се откриени во рамки на скринингот во градинките во градинки во Штип.
Во последните 24 часа, направени се вкупно 974 теста, од нив 132 биле во рамки на скринингот преку Центрите за јавно здравје во Штип, Прилеп, Битола, и Скопје. Освен двата случаи во Штип, нема други позитивни од скринингот изминатото деноноќие.
Скринингот досега откри и еден позитивен случај во градинка во Битола, два во скопските градинки, како и случај во геронтолошка установа во Скопје.
*Поврзани вести:
Официјално: 101 нов случај, 4 починати и 10 излекувани
Филипче на координација со Комисијата и МВР за општините кои се жаришта на коронавирусот
Уште една штипска конфекција под клуч до тестирање на вработените на ковид-19
Османи во Штип: Секоја фирма со ковид-координатор и борба против лажните вести
