Од Министерството за здравство информираат дека новиот протокол е ставен во функција од денеска и тој не важи за пациентите што се на болничко лекување
Наместо со два последователни негативни теста, пациентите со ковид-19, кои се на домашно лекување, ќе се сметаат за оздравени доколку одреден период немаат симптоми на вирусот.
За разлика од досегашниот алгоритам, каде што со истек од 14 дена беше потребно да се добијат 2 негативни последователни теста во 24-48 часа, сега еден пациент, доколку е асимптоматски во период од 10 дена, ќе се смета за оздравен на 11-от ден.
Доколку еден пациент имал симптоми во текот на болеста – тој ќе се смета за оздравен по истекот на минимум 20 дена, односно 21 ден само во случај ако последните 3 последователни дена немал симптоми на болеста.
За прв ден на заболување се зема денот на првиот потврден позитивен тест.
Од Министерството за здравство информираат дека со новиот алгоритам не се опфаќаат пациентите што се хоспитализирани.
Процесот на оздравување е поврзан со дневните извештаи што ги пополнуваат матичните лекари за своите позитивни пациенти и Регистарот за позитивни ковид-19 пациенти.
Во Националниот систем за електронски евиденции во здравството „Мој термин“ се проверува дали за секој нареден ден има пополнет дневен извештај од матичен лекар или негова замена.
Доколку во 10 последнователни дена има дневни извештаи и истите се одговорени со не/нема: истоштеност, болки во зглобови и/или мијалгија, кашлица, искашлок, отежнато дишење, дијареа, а температурата на пациентот е помала од 37,5 тогаш добива статус – предлог за оздравен.
Доколку во 10 последнователни дена има барем еден извештај каде на било кое прашање од гореспоменатите е одговорено со да/има, пациентот добива статус – Предлог за оздравен со истекот на минимум 20 дена (односно 21 ден) само во случај ако последните 3 дена се асимптоматски.
Доколку по истекот на 20 дена пациентот нема три последователни асимптоматски дена, предлогот за оздравен ќе биде после три последователни асимптоматски дена. Сѐ додека пациентот не добие статус – предлог оздравен, тој има статус болест во тек.
Пристап до статусот на пациентите во „Мој термин“ ќе имаат епидемиолозите во центрите за јавно здравје (ЦЈЗ). Секој центар за јавно здравје (ЦЈЗ) ги гледа само пациентите на кои матичниот лекар на пациентот се наоѓа на подрачје кое го покрива конкретното ЦЈЗ, а за пациентите кои немаат избрано матичен лекар (домашни или странски) пристап до статусот имаат сите центри за јавно здравје. За пациентите кои немаат избрано матичен лекар пополнувањето на дневните извештаи за состојба на пациентот го прави епидемиолошка служба од надлежниот центар за јавно здравје кој ја направил епидемиолошката анкета.
Новиот протокол за ослободување на пациентите од изолација го усвои Комисијата за заразни болести минатата недела.
Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека ваквата одлука е донесена по опсежни анализи, кои укажале дека кај пациенти со ковид-19, не е присутен вирус кој може да предизвика зараза, десет или дваесет дена по позитивниот тест,