Министерството за здравство информира дека во последното деноноќие регистрирани се 54 нови случаи на ковид-19 од вкупно направени 3 764 тестирања.
Најмногу нови случаи има во Скопје – 16, потоа Тетово – 9, Битола и Дебар по 6, Куманово – 5, Кочани – 3, Гостивар и Струмица – по 2, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Валандово по 1. Не се регистрирани починати пациенти. 12 оздравеле.
Бројот на активни случаи на коронавирус во моментот изнесува 401.