Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 213 307, а моментно се активни 8 339 случаи
Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани 442 нови случаи со ковид-19 од 2 939 тестирања и пет починати, според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) . Регистрирани се и 373 оздравени пациенти.
Според градови, од новозаболените во Скопје има 168, Битола 41, Прилеп 31, Кавадарци 24, Охрид 15, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Кочани по 13, Делчево 11, Ресен и Валандово по 10, Демир Хисар 9, Неготино и Берово по 8, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш по 7, Тетово 3, Македонска Каменица 2 и Гостивар, Кичево, Струга, Виница, Пробиштип, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Пехчево по 1.
Од петте починати две лица се од Скопје (57г, 78г) и по едно од Делчево (83г), Кочани (77г) и Крива Паланка (84г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Од 373 оздравени пациенти од Скопје се 165, Прилеп 36, Битола 27, Крива Паланка 15, Куманово 14, Кочани 13, Охрид 11, Кавадарци и Кратово по 9, Струмица и Неготино по 8, Демир Хисар 7, Штип, Ресен и Кичево по 6, Гевгелија 5, Велес, Берово и Радовиш по 4, Тетово, Струга и Пробиштип по 3, Виница 2 и Свети Николе, Богданци, Пехчево, Крушево и Демир Капија по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.456.023 тестирања на ковид-19.
Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 213 307, бројот на оздравени пациенти е 197 493, на починати е 7474, а на активни случаи изнесува 8 339.