Од починатите 12 лица ја загубиле битката со коронавирусот во последните 24 часа, додека останатите три смртни случаи се од 25 до 28 септември
Во последните 24 часа направени се 3 379 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Речиси половина од новите случаи се во Скопје – 205, додека останатите се во: Куманово – 39, Кочани – 23, Кавадарци – 17, Битола и Велес – по 15, Штип – 14, Прилеп – 13, Охрид – 12, Струмица – 7, Тетово и Свети Николе – по 6, Кичево,Гевгелија и Радовиш – по 5,Крива Паланка – 3, Гостивар, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 2,Неготино, Виница, Македонски Брод, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.
Регистрирани се 395 оздравени пациенти од: Скопје – 198, Куманово – 27, Штип – 22, Прилеп-21, Струмица – 19, Велес – 16, Кавадарци – 14, Гостивар – 11, Битола и Тетово – по 9, Кочани и Кичево – по 7, Радовиш и Ресен – по 6, Берово и Валандово – по 4, Гевгелија и Кратово – по 3, Свети Николе, Пробиштип и Неготино – по 2, Охрид,Крива Паланка и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 5 починати лица од Скопје (76г, 74г, 73г, 60г и 56г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Велес (85г), Дебар(73г), Делчево (59г), Кавадарци (85г),Крива Паланка (67г) и Тетово (64г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, велат од Министерството за здравство, согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени сè уште 3 починати лица, со датум на смрт од 25.08.2021 до 28.09.2021 година. Починатите лица се од Скопје, на возраст од 64 до 88 години. Од пријавените лица сите се починати во домашни услови.
По извештајот од изминатото деноноќие, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191 820, бројката на оздравени пациенти е 173 048, а на починати е 6 683. Во моментов активни се 12 089.