Бројот на активни ковид случаи во моментов изнесува 2 046
Во текот на изминатото деноноќие направени се вкупно 2 182 тестови, а регистрирани се 302 нови случаи на коронавирус, од кои регистрирани се 35 реинфекции, информира Министерството за здравство.
Најголемиот број на заразните се од Скопје – 158, Прилеп – 22, Велес – 20, Битола – 17, Куманово и Кавадарци – по 11, Охрид – 10, Струмица – 9, Ресен – 8, Кочани и Кичево – по 5, Штип и Неготино – по 4, Гостивар и Радовиш – по 3, Тетово, Гевгелија, Виница и Кратово – по 2, Струга, Крива Паланка, Дебар и Крушево – по 1.
Регистрирани сe и 315 оздравени пациенти од: Скопје – 203, Битола – 17, Прилеп и Велес – по 14, Куманово – 13, Кавадарци – 9, Гостивар – 7, Кичево – 6, Струмица, Ресен и Тетово – по 5, Гевгелија – 4, Штип, Неготино, Крива Паланка и Демир Капија – по 2, Свети Николе, Валандово, Пробиштип, Демир Хисар и Македоснки Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се пет починати лица, сите во болнички услови: две починати лица од Скопје (79г и 81г) и по едно починато лице од Струмица (72г), Струга (80г) и Битола (90г).
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од: Охрид (88г) чија смрт е пријавена на 7 март.
Сите починати лица (6), се со регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1 917 551 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301 016, бројот на оздравени пациенти е 289 847, на починати е 9 123 а бројот на активни случаи изнесува 2 046.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 140 588, Активни 1 102
Куманово 16 365, Активни 90
Битола 14 426, Активни 122
Прилеп 13 742, Активни 130
Тетово 13 373, Активни 59
Кавадарци 10 248, Активни 73
Велес 9 579, Активни 99
Гостивар 9 481, Активни 29
Охрид 8 568, Активни 50
Штип 7 931, Активни 21
Струмица 7 931, Активни 17
Кичево 5 479, Активни 41
Кочани 4 998, Активни 20
Струга 4 660, Активни 14
Гевгелија 4 296, Активни 23
Неготино 3 629, Активни 17
Ресен 2 635, Активни 39
Свети Николе 2 606, Активни 3
Радовиш 2 490, Активни 15
Крива Паланка 2 389, Активни 12
Делчево 1 900, Активни 0
Дебар 1 655, Активни 15
Берово 1 631, Активни 4
Валандово 1 462, Активни 4
Виница 1 357, Активни 9
Пробиштип 1 258, Активни 2
Богданци 1 008, Активни 5
Кратово 945, Активни 10
Крушево 911, Активни 4
Демир Хисар 818, Активни 9
Македонски Брод 732, Активни 2
Демир Капија 583, Активни 3
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 482, Активни 1
Дојран 339, Активни 0