Изминатите 24 часа се регистрирани две починати лица, а согласно Регистарот за починати лица од ковид-19 од „Мој термин“ пријавени се дополнително уште пет починати лица. Сите седум починати се со регистрирани коморбидитети, информира Министерството за здравство
Како што соопшти Министерството за здравство, изминатите 24 часа се регистрирани 292 нови позитивни случаи на ковид-19 од вкупно 2 410 направени тестирања, што значи дека 12 отсто од тестираните се позитивни. Од вкупниот број на позитивни (292), регистрирани се 45 реинфекции.
Најголем дел од заразените се од Скопје – 140, Битола – 21, Куманово – 18, Велес – 16, Прилеп – 14, Тетово – 13, Кавдарци – 12, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 5, Виница – 4, Струга и Демир Хисар – по 2 и Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Берово, Валандово, Богданци, Кратово, Крушево и Демир Капија– по 1.
Регистрирани сe 303 оздравени пациенти од: Скопје – 168, Куманово – 25, Битола – 15, Кавадарци – 14, Тетово – 13, Велес – 11, Прилеп – 8, Гостивар, Кичево и Крива Паланка – по 5, Струмица, Гевгелија и Дебар – по 4, Штип, Кочани и Сруга – по 3, Неготино, Свети Николе, Берово и Ресен – по 2, Охрид, Виница, Демир Хисар, Валандово и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се две починати лица од Крушево (85г) и Кавадарци (67г) и двајцата починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени пет починати лица од: Скопје (2), Прилеп (1), Битола (1), и Дебар (1). Починатите лица се на возраст од 45г. до 85г. Лицата се починати во период од 24.02. до 07.03.2022. Од пријавените починати лица, 4 се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови.
Сите починати лица (седум), се со регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1 913 011 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300 398, бројот на оздравени пациенти е 289 064, на починати е 9 104 а бројот на активни случаи изнесува 2 230.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 140 264, Активни 1 258
Куманово 16 339, Активни 101
Битола 14 389, Активни 120
Прилеп 13 701, Активни 125
Тетово 13 367, Активни 74
Кавадарци 10 227, Активни 82
Велес 9 542, Активни 99
Гостивар 9 472, Активни 31
Охрид 8 547, Активни 37
Штип 7 925, Активни 24
Струмица 7 920, Активни 15
Кичево 5 459, Активни 37
Кочани 4 990, Активни 14
Струга 4 659, Активни 20
Гевгелија 4 293, Активни 34
Неготино 3 623, Активни 19
Ресен 2 618, Активни 38
Свети Николе 2 606, Активни 4
Радовиш 2 485, Активни 13
Крива Паланка 2 387, Активни 14
Делчево 1 900, Активни 0
Дебар 1 650, Активни 10
Берово 1 631, Активни 5
Валандово 1 461, Активни 4
Виница 1 354, Активни 8
Пробиштип 1 259, Активни 4
Богданци 1 005, Активни 5
Кратово 943, Активни 10
Крушево 910, Активни 3
Демир Хисар 817, Активни 10
Македонски Брод 731, Активни 3
Демир Капија 582, Активни 5
Македонска Каменица 521, Активни 3
Пехчево 482, Активни 1
Дојран 339, Активни 0