Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19, објави министерот за здравство Венко Филипче.
По градови состојбата е следна:
– Скопје 67
– Куманово 19
– Штип 16
– Тетово 9
– Прилеп 4
– Велес 2
– Гостивар 1
– Неготино 1
– Струмица 1
Денешната бројка на нови случаи е највисока во еден ден од почетокот на епидемијата во земјава. Досега рекордот го држеше 16 април, кога беа потврдени 107 случаи.
Има и два смртни случаи. На Инфективната клиника починала 65-годишна пациентка која е примена на 28 мај, а во Градската болница „8 Септември“ починал пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрирал и 16 оздравени пациенти:
– Скопје 8
– Штип 3
– Прилеп 2
– Тетово 1
– Велес 1
– Битола 1.
Досега во земјата се направени вкупно 33 114 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 2 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, но ниту еден не е со позитивен резултат на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2 611, бројката на оздравени пациенти е 1 621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.