Најмногу активни случаи на ковид-19 во земјава има во Скопје, по што следуваат Тетово, Штип, Куманово и Велес, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.
Во земјава моментално има вкупно 606 активни случаи. Од нив, 298 се во Скопје, 83 во Тетово, 68 во Штип, 55 во Куманово и 27 во Велес.
Од општините во Скопје и Скопско, најмногу активни случаи се евидентирани во Чаир – 73, Сарај – 44 и Бутел-37, Аеродром -33 и 31 случај во Гази Баба.
Во Студеничани и Карпош, според последните податоци на ИЈЗ, регистрирани се 13 активни случаи, во Кисела Вода 11, во Илинден, Шуто Оризари и Ѓорче Петров 9, во Центар 8, во Петровец 4 и во Арачиново и Сопиште по два активни случаја.