Една третина од лицата кај кои болеста е во тек се во главниот град. Следува Прилеп со 68 активни болни
Со новите 20 заразени и 24 оздравени, бројот на активни болни од ковид-19 во моментов во Македонија изнесува 415.
Речиси една третина од нив се во главниот град – 132. Следен на листата, според бројот на активни болни во моментов, е Прилеп со 68. Следуваат Тетово со 54 болни, Куманово со 53 и Велес со 49 лица кај кои болеста е во тек.
Во овие пет града заедно има 356 активни болни, што е 86% од вкупниот број лица во Северна Македонија кои статистиката на Институтот за јавно здравје ги води како болни.

На графичкиот приказ подолу се гледа како бројот на активни болни (кривата со жолта боја) во последните неколку дена се одржува на приближно исто ниво по јасниот надолен тренд во претходните десетина дена.

