Се проценува дека најмалку 90 000 здравствени работници во светот се заразени со коронавирусот, иако тој број би можел да биде двојно поголем, се вели во соопштение на Меѓународниот совет на медицински сестри.
„Според нашата евиденција, бројот на заразени здравствени работници се искачи од 23 000 на повеќе од 90 000, но дури ни тоа не е точен број бидејќи немаме податоци од сите земји во светот“,
изјави извршниот директор на Меѓународниот совет, Хауард Кетон.
Според податоците собрани во само 30 земји, пак, повеќе од 260 медицински сестри починале од последици на ковид-19.
Меѓународниот совет апелира до владите да водат точна евиденција за да спречат ширење на заразата меѓу медицинскиот персонал.