Во последните 24 часа не се пријавени починати лица, но регистрирани се два дополнителни смртни случаи за периодот од 3 до 8 мај

Во последните 24 часа направени се 1 185 теста, а се регистрирани 53 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 38, Битола – 6, Куманово – 2, Тетово, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Берово и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (53), регистрирани се 9 реинфекции.
Регистрирани сe и 94 оздравени пациенти од: Скопје – 63, Охрид – 7, Битола – 5, Велес, Кочани и Берово – по 3, Куманово и Неготино – по 2, Прилеп, Тетово, Штип, Струга, Свети Николе и Дебар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица, но согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (53г) и Охрид (78г). Пријавените лица се починати во болнички услови во период од 03-08.05.2022 година.
Активни се 432 случаи
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312 345, бројот на оздравени пациенти е 302 602, на починати е 9 311, а бројот на активни случаи изнесува 432.
По градови состојбата е следна:
- Скопје 147 196, Активни 285
- Куманово 16 679, Активни 5
- Битола 15 693, Активни 40
- Прилеп 14 219, Активни 7
- Тетово 13 483, Активни 6
- Кавадарци 10 694, Активни 10
- Велес 9 799, Активни 7
- Гостивар 9 610, Активни 5
- Охрид 8 935, Активни 22
- Штип 8 078, Активни 13
- Струмица 8 077, Активни 4
- Кичево 5 653, Активни 3
- Кочани 5 096, Активни 2
- Струга 4 728, Активни 0
- Гевгелија 4 423, Активни 1
- Неготино 3 698, Активни 6
- Ресен 2 751, Активни 1
- Свети Николе 2 635, Активни 1
- Радовиш 2 531, Активни 0
- Крива Паланка 2 418, Активни 0
- Делчево 1 986, Активни 1
- Берово 1 692, Активни 7
- Дебар 1 678, Активни 1
- Валандово 1 488, Активни 0
- Виница 1 395, Активни 3
- Пробиштип 1 267, Активни 0
- Богданци 1 021, Активни 0
- Кратово 966, Активни 0
- Крушево 930, Активни 1
- Демир Хисар 836, Активни 0
- Македонски Брод 739, Активни 1
- Демир Капија 593, Активни 0
- Македонска Каменица 525, Активни 0
- Пехчево 486, Активни 0
- Дојран 347, Активни 0