Во изминатите 24 часа се регистрирани 96 551 новозаразен и над 1 200 починати
Во Индија е забележан нов рекорден дневен пораст на бројот на лица заразени со коронавирус – 96 551 случај, потврдија денеска тамошните здравствени власти.
Бројот на лица заразени со вирусот во Индија расте побрзо отколку на кое било друго место во светот, а Соединетите американски држави се единствената земја што е потешко погодена од пандемијата.
Бројот на смртни случаи како последица од ковид-19 и натаму е релативно низок, но во последните денови е забележан тренд на раст, при што достигна над илјада смртни случаи во последните десет дена.
Досега во Индија починале 76 271 лице, а денеска се пријавени 1 209 смртни случаи. Од почетокот на пандемијата до денес во Индија се заразени 4,5 милиони луѓе.