Минатата недела е четврта седмица по ред како се бележи раст на бројот на новоинфицирани со коронавирусот на Стариот континент

Европа е единствениот поголем регион во глобални рамки каде во текот на минатата недела е забележан двоцифрено зголемување на бројот на новозаразени со ковид-19 и на смртни случаи како последица на вирусот.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), бројот на новозаразени е зголемен за 18 отсто во 53 држави од европскиот регион, а бројот на починати за 14 отсто.
Во текот на минатата недела, регистрирани се 1,6 милиони нови случаи и повеќе од 21 000 починати лица. Меѓу државите со најмногу новозаразени на 100 000 жители се Украина, Романија, Бугарија, Молдавија и Грузија.
Минатата недела е четврта седмица по ред како се бележи раст на бројот на новоинфицирани со коронавирусот на Стариот континент
Гледано само по бројот на новозаразени одделно по држави, САД претходната недела имале најмногу – 513 000, а бројот на смртни случаи изнесувал повеќе од 11 600. На второ место е Велика Британија со повеќе од 330 000 новозаразени, додека Русија е трета со околу 250 000 случаи.