Во моментов активни се 437 случаи од кои речиси половина се во Скопје – 208. Кавадарци, Богданци, Пробиштип, Демир Капија, Дојран и Пехчево се без активни случаи
Во последните 24 часа направени се 2 411 тестирања за ковид-19 од кои се регистрирани 18 нови случаи, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 8, Куманово – 5, Кочани – 2, Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 1.
Регистрирани се 31 оздравен пациент од: Скопје – 11, Виница – 3, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Кичево – по 2, Струмица, Крива Паланка и Радовиш – по 1.
Пријавено е 1 починато лице од Скопје (61г) – починато во болнички услови.
Активни се 437 случаи
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 487, бројката на оздравени пациенти е 149 582, на починати е 5 468, а бројот на активни случаи изнесува 437.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 68 600, Активни 208
- Куманово 8 862, Активни 50
- Прилеп 8 315, Активни 32
- Тетово 7 223, Активни 20
- Битола 6 299, Активни 13
- Велес 5 469, Активни 2
- Гостивар 5 180, Активни 15
- Кавадарци 5 153, Активни 0
- Охрид 5 008, Активни 16
- Штип 4 959, Активни 2
- Струмица 4 113, Активни 7
- Струга 2 981, Активни 4
- Кочани 2 791, Активни 5
- Кичево 2 570, Активни 20
- Гевгелија 2 195, Активни 4
- Неготино 2 184, Активни 4
- Свети Николе 1 523, Активни 2
- Ресен 1 234, Активни 1
- Крива Паланка 1 221, Активни 1
- Радовиш 1 161, Активни 7
- Берово 1 029, Активни 1
- Делчево 972, Активни 4
- Дебар 940, Активни 1
- Виница 886, Активни 7
- Пробиштип 789, Активни 0
- Валандово 666, Активни 1
- Богданци 494, Активни 0
- Крушево 490, Активни 1
- Демир Хисар 400, Активни 3
- Демир Капија 396, Активни 0
- Кратово 376, Активни 3
- Македонски Брод 359, Активни 1
- Пехчево 268, Активни 0
- Македонска Каменица 249, Активни 2
- Дојран 132, Активни 0
