Еден починат, 40 новодијагностицирани и 11 оздравени е билансот од состојбата со ковид-19 во земјава во изминатите 24 часа.
На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 56-годишен пациент од Прилеп, лекуван на Клиниката од 12 мај.
Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје – 26, Тетово – 10 и по еден во Куманово, Прилеп, Велес и Битола.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1 898, бројката на оздравени пациенти е 1 378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 673, активни 169
• Куманово – 419, активни 23
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 38, активни 3
• Прилеп – 204, активни 55
• Тетово – 161, активни 73
• Струга – 71, активни 5
• Велес – 127, активни 52
• Битола – 28, активни 9
• Охрид – 21, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар – 21, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка – 6, активни 1
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 1
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино – 9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 1
• Делчево – 1, активни 0
• Валандово – 1, активни 0
• Виница – 3, активни 1
• Кратово – 2, активни 1
• Берово – 1, активни 1
• Свети Николе – 1, активни 1
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти од кои во Прилеп 4, во Скопје, Велес и Кочани по двајца и еден во Штип.
Направените се 549 теста од кои во ИЈЗ – 302, на Ветеринарниот факултет – 25, „Авицена“ –24, „Биотек“ – 36, „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 42, „Систина“ со PCR-метода – 26 и во МАНУ – 94. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот.
Досега во земјата се направени вкупно 23 316 тестирања на ковид-19.
*Поврзани вести
На болничко лекување од ковид-19 има 131 пациент, 5 се на респиратор