Министерството за здравство соопшти дека од 2.667 тестирања, денеска се регистрирани 285 нови случаи на ковид-19. Починати се 5 лица, а оздравеле вкупно 328 пациенти.
Најмногу новозаразени има во Скопје – 110, потоа Битола – 30, Прилеп – 24, Кочани – 20, Велес – 17, Куманово – 16, Тетово – 10, Кавадарци – 9, Гевгелија – 8, Неготино – 7, Ресен – 5, Штип, Охрид, Кичево и Свети Николе – по 4, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Богданци – 2, Струмица, Делчево, Виница, Пробиштип и Кратово – по 1.
Од петте смртни случаи регистрирани во последното деноноќие, двајца пациенти биле од Скопје (72г и 91г) и двајца од Велес (72г и 87г), додека едно починато лице е од Берово (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Бројот на активни случаи на коронавирус во земјава изнесува 8. 549.
Почнувајќи од утре, 15 ноември, граѓаните за влез во објекти ќе мора да приложат сертификат/потврда за имунизација од вирусот ковид-19, односно за примени две дози на вакцината или, пак, потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Доктор Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија, во интервју за Радио Слободна Европа, кажа дека ги оправдува сите мерки кои ќе ја зголемат стапката на вакцинација, бидејќи според сите научни докази тоа е најјасниот излез од кризата.