Бројот на заразени од новиот коронавирус во светот надмина четири милиони, покажуваа податоците што ги систематизира и објавува Универзитетот „Џон Хопкинс“.
Бројот на починати на глобално ниво надмина 278 000.
САД остануваат најпогодена држава со повеќе од четвртина од заразените и третина од починатите.
Експерти предупредуваат дека вистинскиот број на инфицирани повеќе од сигурно е многу поголем со оглед на малиот опфат при тестирањето во некои земји.
Бројот на починати на дневно ниво продолжува да опаѓа во некои држави, вклучувајќи ја Шпанија, но постои загриженост дека ублажувањето на рестриктивните мерки би можело да води до втор бран од заразата.
Франција, со 80 починати во изминатите 24 часа, го регистрираше најмалиот број жртви на дневно ниво во последниот месец.
Во Јужна Кореја, пак, беа обновени мерките за баровите и клубовите по негативните трендови во последните денови.
Британското медицинско списание „Лансет“, во едиторијал, го оквалификува бразилскиот претседател за најголема закана за способноста на неговата земја да се справи со коронавирусот. Во моментов Бразил бележи најголем број случаи во Латинска Америка, но претседателот продолжува да ја негира опасноста на вирусот и влезе во конфликт со гувернерите за рестриктивните мерки.
извор: Би-би-си