Бројот на заразени од новиот коронавирус на светско ниво надмина 6 милиони.
Според податоците на „Ворлдометар“, точната бројка во овој момент изнесува 6 035 349. Досега регистрирани се 366 927 смртни случаи, а излечени е 2 661 769 лица.

Први на листата и по бројот на заразени и по починати се САД со речиси 1,8 милиони заболени и 104 542 смртни случаи.
Бразил и Русија се на второ и трето место според бројот на пациенти со ковид-19, 468 338 односно 387 623.
Листата од првите пет земји на „Ворлдометар“ продолжува со Шпанија каде досега се регистрирани 285 644 заразени и Велика Британија со 271 222 случаи.
По бројот на починати, пак, по САД се наоѓаат Велика Британија со 38 161 и Италија со 33 229 смртни случаи.
Франција е следна со 28 714 починати, а веднаш зад неа е Бразил со 27 944.