Од вкупниот број направени тестови (727) во изминатото деноноќие, 312 се во рамки на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Најмногу нови случаи повторно се во Скопје – 35, во Штип – 27 и во Куманово – 12
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 35, Куманово – 12, Штип – 27, Прилеп – 1, Тетово – 7, Гостивар – 1, Струмица – 1, Кочани – 4, Свети Николе – 1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти и 7 починати. Оздравени пациенти се регистрирани во: Скопје – 2, Прилеп – 12, Велес – 3. Починатите се од: Скопје – 2, Куманово – 2, Тетово – 2 и Струга – 1.
Во ГОБ „8 Септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2 315, бројката на оздравени пациенти е 1 569, на починати е 140. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606. Последната дистрибуција по градови е следната:
• Скопје – 876, активни 298
• Куманово – 467, активни 55
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 103, активни 68
• Прилеп – 212, активни 30
• Тетово – 217, активни 83
• Струга – 84, активни 13
• Велес – 130, активни 27
• Битола – 28, активни 3
• Охрид – 23, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар – 27, активни 7
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 4, активни 2
• Крива Паланка – 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 37, активни 6
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 3, активни 1
• Неготино – 12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 0
• Делчево – 1, активни 0
• Валандово – 2, активни 1
• Виница – 3, активни 1
• Кратово – 2, активни 0
• Берово – 1, активни 0
• Свети Николе – 2, активни 2
Тројца заразени во герантолошка установа во Скопје
Досега во земјата се направени вкупно 30 302 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови (727) во изминатото деноноќие 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се три позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти, хоспитализирани се вкупно 45 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 16 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 30 пациенти. На респираторна машина се 3, a со потешка клиничка слика се 9 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, а на домашно лекување се следи еден пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување се следат 15 пациенти во стабилна состојба. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.
