Во изминатото деноноќие, поради компликации од ковид-19, починале 12 лица
Во последните 24 часа во земјава се регистрирани нови 46 случаи на ковид-19 од вкупно 378 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Или, само 12% од вкупниот број на тестови биле позитивни, што е еден од најдобрите резултати во изминатите три месеци.
Од вкупниот број тестови, околу 60% биле направени во приватни клиники и лаборатории. Или, според тоа каде се направени тестовите:
- Институт за јавно здравје – 106;
- Жан Митрев – 75;
- Систина (ПЦР метода) – 155;
- Инфективна клиника – 2;
- Јавни здравствени установи (брз тест) – 40.
Во другите лаборатории воопшто не се направени тестови за ковид-19 во изминатото деноноќие.
Новите позитивни случаи, во најголем дел се во Скопје (22). Потоа следат Струга и Кавадарци.
- Скопје – 22;
- Струга – 7;
- Кавадарци – 4;
- Гостивар – 3;
- Охрид – 3;
- Куманово – 2;
- Тетово – 1;
- Прилеп – 1;
- Македонски Брод – 1;
- Ресен – 1;
- Неготино – 1.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 526 оздравени пациенти и тоа од:
- Скопје-295;
- Куманово-13;
- Штип-7;
- Прилеп-39;
- Тетово-12;
- Струга-3;
- Велес-4;
- Битола-9;
- Охрид-33;
- Кавадарци-41;
- Гостивар-9;
- Гевгелија-4;
- Струмица-16;
- Крива Паланка-3;
- Кочани-2;
- Пробиштип-2;
- Македонски Брод-2;
- Валандово-6;
- Кратово-1;
- Свети Николе-2;
- Кичево-4;
- Ресен-2;
- Неготино-17.
Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје (53, 71, 72, 74 и 69г.), еден од Прилеп (72г.), еден од Тетово (53г.), еден од Кавадарци (52г.), два пациенти од Гостивар (70 и 65г.), еден пациент од Струмица (72г.) и еден пациент од Делчево (78г.).Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83789, бројката на оздравени пациенти е 62469, на починати е 2522, а бројот на активни случаи изнесува 18798. Досега во земјата се направени вкупно 402.822 тестирања на Ковид -19.