Во изминатите 24 часа од ковид-19 починале 12 лица, сите во болнички услови, а согласно Регистарот на починати лица од Мој Термин пријавени се дополнително 3 починати лица, сите во домашни услови
Во изминатото деноноќие се направени 3 748 тестови од кои се регистрирани нови 766 случаи позитивни на ковид-19, што значи дека 20 отсто од тестираните се позитивни на вирусот.
Од вкупно 766 случаи на ковид најмногу има во Скопје – 521, Битола – 33, Куманово – 32, Струмица – 23, Кавадарци – 20, Прилеп – 19, Штип – 17, Охрид – 16, Струга и Гевгелија – по 9, Кичево и Ресен – по 8, Велес – 7, Гостивар – 6, Тетово – 5, Свети Николе, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 4, Неготино и Крива Паланка – по 3, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2, Делчево, Дебар, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1. Од вкупниот број на позитивни (766), регистрирани се 86 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица, сите во болнички услови и тоа 4 починати лица од Скопје (63г, 65г, 80г и 81г), 2 починати лица од Битола (80г и 82г) и по едно починато лице од Охрид (58г), Гевгелија (72г), Кавадарци (67г), Крива Паланка (74г), Кочани (48г) и Демир Хисар (82г).
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 3 починати лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар и Дебар, починати во период од 03.01 – 11.01.2022г. Починатите се на возраст од 62 години до 75 години, а сите пријавени лица се починати во домашни услови.
Во текот на изминатото деноноќие регистрирани сe и 486 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 339, Битола – 26, Прилеп – 23, Кавадарци – 18, Тетово – 14, Штип – 11, Куманово, Гевгелија и Крива Паланка – по 8, Струмица и Велес – по 6, Кичево – 4, Валандово и Радовиш – по 3, Неготино – 2, Охрид, Ресен, Гостивар, Свети Николе, Богданци, Кочани и Виница – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1 710 444 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 245 398, бројот на оздравени пациенти е 220 886, на починати е 8 115, а бројот на активни случаи изнесува 16 397.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 110 354, Активни 8 788
Куманово 13 860, Активни 603
Прилеп 11 931, Активни 884
Тетово 11 730, Активни 256
Битола 11 133, Активни 1461
Гостивар 8 340, Активни 214
Кавадарци 7 995, Активни 413
Велес 7 894, Активни 318
Охрид 7 446, Активни 581
Штип 7 128, Активни 274
Струмица 6 692, Активни 338
Кичево 4 602, Активни 237
Кочани 4 310, Активни 158
Струга 4 124, Активни 171
Гевгелија 3 267, Активни 242
Неготино 2 830, Активни 158
Свети Николе 2 256, Активни 86
Ресен 2 086, Активни 172
Крива Паланка 2 074, Активни 96
Радовиш 2 017, Активни 180
Делчево 1 581, Активни 92
Берово 1 538, Активни 52
Дебар 1 479, Активни 17
Виница 1 220, Активни 33
Пробиштип 1 208, Активни 53
Валандово 1 197, Активни 135
Кратово 818, Активни 28
Крушево 760, Активни 140
Богданци 759, Активни 58
Демир Хисар 701, Активни 50
Македонски Брод 589, Активни 40
Демир Капија 455, Активни 19
Македонска Каменица 454, Активни 25
Пехчево 380, Активни 18
Дојран 190, Активни 7