Дополнително се пријавени уште шест починати, со датум на смрт од 27 октомври до 8 ноември
Направени се 4.323 тестирања, а регистрирани се 528 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа:
Скопје – 200,
Битола – 53,
Прилеп – 42,
Кавадарци – 34,
Велес – 24,
Кочани – 22,
Штип – 19,
Куманово – 18,
Охрид – 13,
Струмица и Гевгелија – по 10,
Крива Паланка и Пробиштип – по 9,
Кратово и Демир Хисар – по 7,
Тетово, Ресен и Валандово – по 6,
Гостивар и Неготино – по 4,
Кичево, Свети Николе, Берово и Делчево – по 3,
Струга, Радовиш, Виница, Богданци и Демир Капија – по 2,
Македонска Каменица, Дојран и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 327 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: четири од Скопје (63г, 66г, 74г и 78г), двајца од Свети Николе (76г и 84г) и едно починато лице од Кавадарци (65г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, се пријавени шест починати лица со датум на смрт од 27.10.2021 до 08.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (2), Кичево (1) и Радовиш (1), на возраст од 59-86г, од кои три лица се починати во домашни услови, а другите три во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1 426 274 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208 992, бројот на оздравени пациенти е 193 072, на починати е 7 320, а бројот на активни случаи изнесува 8 600.