По двајца починати има во Скопје и во Кочани и по едно починато лице од Куманово, Тетово, Штип, Битола и од Крива Паланка, од каде што е најмладиот пациент (38)
Во последните 24 часа, направени се 2 964 тестирања, а регистрирани се 417 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Нови случаи на ковид-19 има во:
Скопје – 155,
Прилеп – 31,
Куманово и Велес – по 26,
Кавадарци – 24,
Битола и Штип – по 17,
Крива Паланка – 14,
Кочани – 13,
Тетово – 11,
Охрид и Пробиштип – по 10,
Радовиш – 7,
Свети Николе, Делчево и Кратово – по 6,
Гевгелија, Ресен, Берово и Демир Хисар – по 5,
Струмица, Кичево, Неготино, Виница и Македонска Каменица – по 3,
Пехчево – 2,
Крушево – 1.
Регистрирани сe 329 оздравени пациенти, но и девет смртни случаи како последица од ковид-19. По двајца починати има во Скопје (60г и 64г) и во Кочани (45г и 64г) и по едно починато лице од Куманово (75г), Тетово (79г), Штип (66г), Битола (82г) и Крива Паланка (38г). Сите се починати во болнички услови. Дополнително, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 24.10.2021, од Скопје на возраст од 84 години, починат во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1 378 530 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 201 708, бројот на оздравени пациенти е 188 024, на починати .108, а бројот на активни случаи изнесува 6 576