Вкупната бројка на заболени од почетокот на епидемијата изнесува 186 914 лица, од кои 167 402 се водат како оздравени, а 6 460 се починати, додека бројот на активни случаи изнесува 13 052 лица
Во последното деноноќие направени се 4 015 тестирања за ковид-19, а регистрирани се 365 нови случаи, информира Министерството за здравство.
Нови случаи регистрирани се во: Скопје – 183, Охрид – 24, Штип – 20, Струмица – 19, Куманово – 15, Прилеп – 14, Тетово Велес – по 13, Битола и Кавадарци – по 11, Свети Николе– 7, Кочани, Гевгелија и Ресен – по 5, Кичево – 4, Крива Паланка – 3, Гостивар, Струга, Радовиш и Пробиштип – по 2, Неготино, Делчево, Виница, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Пријавени се 23 починати лица: 8 починати лица од Скопје (89г, 88г, 78г, 77г, 77г, 66г, 60г, и 60г), 3 починати лица од Велес (62г, 59г и 59г), по 2 починати лица од Куманово (75г, и 63г), и Кавадарци (72г, и 65г), по едно починато лице од Тетово (67г), Прилеп (75г), Битола (95г), Струмица (87г), Штип (45г), Струга (62г), Свети Николе (66г) и Радовиш (63г)
Од пријавените 23 лица, 20 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 551 оздравен пациент од: Скопје – 212, Тетово – 53, Куманово и Гостивар – по 46, Кичево – 38, Струга – 25, Охрид – 19, Битола – 13, Прилеп и Кавадарци – по 12,Струмица, Штип и Свети Николе – по 9, Кочани – 8, Велес, Ресен и Дебар – по 5, Крива Паланка, Виница, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 3, Неготино, Берово, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Гевгелија и Богданци – по 1.
Направени се 4.015 тестови преку: ИЈЗ-188, ЦЈЗ Скопје-44, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–54, ЦЈЗ Куманово-49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–228, Жан Митрев (Филип Втори)-80, Авицена-172, Биотек-205, Систина-71, лабораторија Лаор-263, Синлаб-13, Ремедика-5, Плодност–54, Генеа-5, Никоб лаб-360, ВФВ Медикал-52, Ели Медика-57, Ројал Медика –17, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.973.
Досега во земјата се направени вкупно 1 252 094 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на заболени од почетокот на епидемијата изнесува 186 914 лица, бројката на оздравени е 167 402, на починати е 6 460, а бројот на активни случаи изнесува 13 052.